Пребарувај по датум:
2018-10-04

Црвен крст на град Скопје го одбележа Светскиот ден на старите лица 1ви Октомври

ЦКГС преку дневните центри за стари лица, а во соработка со ЦКРМ го одблежа Светскиот ден на старите лица. Овој пат акцент се стави на праата на лицата во трето доба и тоа преку едукативна работилница преку која се поттикнаа старите лица да ги остварат своите права. Предавач на оваа активност беше Даниела Станојковска од Заводот за социјални дејности – Скопје. Присуство земаа претставници од сите три дневни центри на ЦКГС и тоа ДХО Даре Џамбаз, Сарај и ООЦК Чаир. Овие лице понатаму имаат за обврска да разговаат на оваа тема со своите пријатели и да ги поттикнат своите врсници да се обраќаат до институциите за остварување на своите права. Оваа активност е континуитет на регионалниот проект ,, Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.