Пребарувај по датум:
2013-10-06

ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕ НА СТАРИТЕ ЛИЦА

На 1ви октомври во Музејот на Град Скопје со промоција на филмот „Како вчера да се родив“ Црвениот крст на град Скопје го одбележа Светскиот ден на старите лица.

Филмот е резултат на заедничката соработка помеѓу Институтот за Етнологија и Антропологија(ИЕА) при ПМФ (УКИМ) и Црвениот крст на град Скопје во рамките на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“-„Грижа за стари лица“.

Истиот е изработен од страна на средношколци-учесници на работилница за толеренација на ИЕА и волонтерите на проектот „Грижа за стари лица“, а во него центарално место имаат старите лица кои се посетени во домашни услови. Во филмот се говори за пријателствата во минатото помеѓу различните етникуми.

На свечената манифестација свое обраќање имаше Градоначалникот на Град Скопје – Г-дин.Коце Трајановски, Деканот на Природно Математички Факултет проф. Ицко Ѓоргоски и проф.Илина Јакимовска од Институтот за Етнологија и Антропологја.

Истиот ден за Активот на жени пензионерки од Аеродром – Солидарност се организираше дисеминациска обука за околу 60 пензионерки. На оваа активност во рамките на Дневниот центар за стари лица и претходеше прошетка на Матка со 35 пензионери кои имаа можност да се запознаат со активностите кои ги спроеведува Тимот за спасување на планина на Црвен крст на град Скопје како и со основните алатки и опрема потребни за искачување на планина.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.