Црвен крст на град Скопје беше дел од програмата Week Without Walls на Меѓународното училиште НОВА
Црвен крст на град Скопје беше дел од програмата Week Without Walls на Меѓународното училиште НОВА. Во период од два дена, повеќе од 70 ученици волонтираа во Црвениот крст и дадоа свој придонес во сортирање, средување и пакување на храна и облека во магацините во Момин Поток. Една недела претходно, во самото училиште беше организирана собирна акција за храна, облека и хигиенски производи кои понатаму беа доставени во магацин и истите беа спакувани од страна на учениците.
Пред започнување на настанот, на учениците и нивните професори им се одржа дисеминациска сесија со цел запознавање со организацијата, мисијата, улогата на амблемот како и активностите кои се спроведуваат во земјата.
Облеката ќе биде доставена во Копче од каде постои систем на донирање, а храната за лицата во социјален ризик.
Заедно сме посилни!