2011-08-30
Црвен крст и Пиволенд
Црвен крст на град Скопје и ова година ќе земе учество на овогодишен гурмански викенд-Пиволенд.
На случувањето ќе биде промовирана кампањата Не пиј додека возиш (don’t drink and drive). Кампањата има за цел да ги алармира младите за поврзаноста на конзумирање на алкохол и голем процент на сообраќајни незгоди.
На истиот настан ќе се промовира и новата кампања за собирање на користена облека, каде треба да се достави облеката и на кој начин истата треба да биде спакувана.
Клуб на млади на Црвен крст на град Скопје ќе бидат присутни на штандот на Црвен крст каде што ќе ги делаат флаерите и доколку некој достави облека истата ќе биде превземена.