ЦКХ ПХВ Летен камп
Од 19-23 август се оддржа прв меѓународен ЦКА ПХВ летен камп во Струга. Летниот камп претставува круна на десетогодишна програма која Црвен крст на град Скопје ја спроведува во соработка со Црвен крст на РМ, МКЦК и биро за развој на образование.
Со наша поддршка Црвен крст на Р.Србија започна имплементација на програмата во 2006 година, Р. Албанија и Р.Босна и Херцеговина во 2007 година. Во Р.Србија програмата се развиваше во 7 дисеминациски центри и истата резултираше со инволвираност на 450 млади луѓе и со изработка на 40 мали проекти. Во Р.Босна и Херцеговина 145 волонтери од вкупно 7 ООЦК изработија 11 мали проекти меѓу кои мора да се истаке проектот за изградба на игралиште за мали деца со лулашки, клацкалки и клупи. Во Р.Албанија 45 волонтери изработија 15 мали проекти за добробит на заедница во кои беа собрани 1530 евра. Во Р.Македонија беа изработени 115 мали проекти и беа собрани 11820 еура.
На кампот имаше млади од земјите кои ја имплементираа програмата (Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија), гости од Финска, Данска, Турција, Бугарија, Швајцарија, како и претставник до ИФРЦ Женева. Една од целите на летниот камп беше и презентирање на Националните програми како и презентирање на проектите. Истото е постигнато преку презентација на проектите, преку изготвување на ЦКА ПХВ памфлета и филмот преку кои се сумираа резултатите од сите НД како и заради присуство на претставници од други НД.