Пребарувај по датум:
2010-07-09

ЦКА-ПХВ пехарот отпатува за Берово

Доделувањето на златниот ПХВ пехар за најуспешната ООЦК односно ООЦК која што изработила најголем број на проекти оценети со сонце полека но сигурно прераснува во една убава традиција. Оваа година пехарот за најуспешна ООЦК во рамките на ЦКА-ПХВ програмата отпатува во Берово.

ООЦК Берово како овогодишни домакини на оваа манифестација приредија мала пригодна прослава на која присуствуваа значајни лица од нивната општина. Покрај градските татковци на Берово и Пехчево присутни беа и претставници од локалните училишта, помагачки институции, како и голем број на младинци и нивни родители. Свој придонес кон оваа прослава дадоа и дел од ПХВ инструкторите кој од различни делови од Македонија тој ден допатуваа во Берово за да бидат дел од оваа свеченост.

Покрај доделувањето на пехарот на оваа манифестација беа доделени дипломи за најуспешните ООЦК, кои во текот на овој циклус изработиле проект со сонценце. Дипломите оваа година заминаа во рацете на претставниците на ООЦК Кичево, Гостивар, Охрид, Кочани и домакинот Берово.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.