Пребарувај по датум:
2015-10-05

ЦКА-ПХВ недела 21-27 септември

 

Имајќи ја предвид Стратегијата 2020 на Црвениот крст на Р. Македонија, во која третата стратешка цел е унапредување на социјалната вклученост и култура на ненасилство и мир, од пред 4 години  е воведена нова недела во традиционалниот календар на активности, недела на Промоција на хумани вредности, од 21-27 септември.

Оваа година во рамките на одбележувањето на ПХВ неделата, се организираа ПХВ поетски читања. Младите добија насоки и ја искористија можност да истражуваат кои поети твореле во нивните градови и истото да го презентираат пред публиката (соученици, родители, професори, медиуми). Волонтерите читаа поезија но беа поканети и поети кои твореле или сеуште твораат во нивните градови. За време на настанот се промовираше јазикот но и различни култури на народите кои живеат во нашата земја. Дел од клубовите остварија средба и соработка со здруженија на етнички заедници во Македонија и во соработка со нив се подготвуваше храната додека пак културни уметнички друштава презентираа народна носја, песна и традиционални ора.

Во просек во секој клуб околу 20 младинци беа во тимот за организација на целиот настан и некаде околу 100 лица дојдоа да го проследат настанот, што на национално ниво ни говори за околу 600 младинци и некаде околу 3000 до 4000 лица кои го проследија настанот и го видоа знакот на Црвен крст во една недела.

Преку поезијата младинците испратија порака за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, взаемната доверба и разбирање кои се меѓу најдобрите гаранции за мирот и соживотот, а ние како претставници на Црвен крст имаме одговорност да дејствуваме.

Ова година во рамките на програмата беа изработени 192 мали проекти од страна на 1200 обучени младинци.

Циклусот 2015 година беше финансиски поддржан од страна на Норвешка амбасада во Србија.

 

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.