ЦКА-ПХВ финална работилница
Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид имплементиран од страна на Црвен крст на град Скопје како дел од „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“ се реализираше ЦКА-ПХВ финална работилница адаптирана за лицата со оштетен вид во едукативниот и рекреативен центар „Солферино“ – Струга од 3 до 5 Ноември.
Корисниците на центарот учествуваа во ПХВ програма со изработка на мали проекти за добробит на заедницата. По завршување на проектите, корисниците беа наградени со учество на ПХВ финална работилница. На работилницата учесниците ги презентираа своите проекти, учествуваа во различни вежби, организираа “ТВ Шоу” на кое сите дадоа свој придонес во изведување на драма, музички точки и сл. Активно се вклучија во дискусиите по секоја реализирана вежба со давање на позитивни примери за доброто на заедницата. Целта на оваа финална работилница беше да ги мотивираме младите кои учествуваа во изработка на овие проекти да продолжат понатаму да вложуваат во себе и да волонтираат за добробит на заедницата, а на тој начин да ги регрутираме како волонтери во Црвен крст на град Скопје.
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид и понатаму ќе продолжи со изработка на мали проекти за добробит на заедницата заедно со учениците од училиштето ДУДРМОВ „Димитар Влахов” и корисниците на Центарот за поддршка на лицата со оштетен вид во рамките на ЦКА-ПХВ програмата.