Пребарувај по датум:
2020-06-12

Честит 14 Јуни

Секоја година, земјите од целиот свет го слават Светскиот ден на крводарителството 14 Јуни. Преку разновидни настани организирани на овој ден, сакаме да им се заблагодариме на доброволните, неплатените крводарители и да ја подигнеме јавната свеста за потребата од редовни крводарители, со цел обезбедување на квалитетна, безбедна и достапна крв и крвни продукти за пациентите на кои таа им е потребна. Акцент на овогодинешната кампања е крводарителството како чин на солидарност, преку кој се нагласуваат основните човечки вредности – алтруизам, почитување, емпатија и љубезноста.

Глобално, но и локално, се фокусираме на придонесот што може да го даде секој дарител за подобрување на здравјето на другите во заедницата. Даруваните единици крв се потребни со цел да се обезбеди индивидуите и заедниците да имаат пристап до безбедна крв и крвни продукти, како во секојдневието, така и во итни ситуации.

Оваа година, преку кампањата и мотото  „Безбедната крв спасува животи. Дарувај крв – направи го светот поздраво место за живеење“, ги повикуваме луѓето од нашата заедница да станат спасители на живот преку чинот на крводарување и редовно да даруваат крв.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.