2019-02-11
Часови по танцување во дневниот центар за стари лица
Во рамките на дневниот центар за стари лица во ДХО „Даре Џамбаз” од јануари месец во месечната програма на активности започна со реализација на нова активност часови по танцување, заедно со инструктор Ѓоко Вешоски. Часовите за танцување се одржуваат еднаш неделно, односно секоја среда со времетраење од 90 минути со почеток од 11 часот. На часот по танцување корисниците од дневниот центар за стари лица ќе се запознаат со добро познатите танци танго и валцер како и баланс и стабилност за право исчекорување.