2018-02-19
Центар за ран детски развој
Во соработка со локалната самоуправа на општина Липково, и финансиска поддршка од канцеларијата на #UNICEF во Скопје, од денес во ООУ “Рилиндја” во с. Лојане, започнува со работа Центарот за ран детски развој каде настава ќе посетуваат вкупно 23 деца на возраст од три до пет години.
Со децата во центарот ќе работи педагог со стекнато искуство во Мобилен тим Липково.
Ова е прв центар од ваков вид во двете погранични села, Ваксинце и Лојане.
Неодамна во истото училиште беше отворен и локален Клуб на млади за едукација и превенција при Црвен крст на град Скопје.