2024-07-29
Breathwork техники на дишење за лицата во трето доба
На 2 и 9 јули, корисниците на социјалната услуга ,, Дневен престој за стари лица за активно стареење’’ учествуваа на две работилници за Breathwork техники за дишење кои се реализираа во Градски парк. Лицата во трето доба можат да ги применуваат овие техники во процесот на закрепнување, емоционалниот и физичкиот напредок.
Работилниците беа спроведени од страна на Верица Огњанова сертифициран практичар за Breathwork техники.