Пребарувај по датум:
2025-05-02

Биди спасител

Црвениот крст на град Скопје-Центар за безбедност на вода соогласно своите програмски активности стартува со организирање на “Курс за спасители на затворени води”.

Период на оддржување на курсот е од 27.05. до 02.06.2025 во Скопје. Теоретскиот дел на курсот ке се одржи во ДХО “Даре Џамбаз” а практичниот на Олимписки базен-Скопје.

Заинтересираните кандидати задолжително треба да поседуваат:

  • лекарска потврда на нивната здраствена состојба (матичен лекар, спортска мед.);
  • да имаат наполнето 16 години;
  • да знаат да пливаат и да имаат психо-физички предиспозици за спортот.

Краен рок на пријавување е 26.05.2025 по електронски пат на маил skopje.katastrofi@redcross.org.mk

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.