2026-02-18
Безбедност пред сè!
Црвен крст на град Скопје на 16.02.2026 година спроведе симулациска вежба „Евакуација на ученици, повредени и персонал во случај на земјотрес и пожар“ во ООУ Хасан Приштина, на територијата на Општина Чаир.
Во реализацијата на оваа активност свој придонес дадоа волонтерите од Тимот за одговор при катастрофи, со два тима кои симулираа пребарување, спасување и евакуација на повредени лица.
Целта на вежбата беше проверка на процедурите за евакуација во училиштето, како и спроведување на интерниот план за заштита и спасување од елементарни непогоди.
На вежбата активно учество зедоа и припадници на СВР Скопје – Одделение за превенција и ДППД Бајрам Мифтари.
