2025-05-15
Безбедност пред сѐ!
Црвениот крст на град Скопје на 14 мај спроведе симулациска вежба “Евакуација на ученици, повредени и персонал во случај на земјотрес и пожар во “ООУ Стив Наумов” во општина Гази Баба.
Во реализацијата на оваа активност, свој придонес дадоа волонтерите од Тимoт за одговор при катастрофи со два тима кои симулираа пребарување, спасување и евакуација на повредени лица.
Целта на вежбата е проверка на процедурите за евакуација во ООУ “Стив Наумов” како и спроведување на интерниот план за заштита и спасување од елементарна непогода.