2021-02-16
Безбедно училиште и покрај Корона-19
Црвениот крст на град Скопје во текот на месец февруари, во соработка со Град Скопје и град Нинберг, оддел за меѓународна соработка, поддржани од Engagement Global во соработка со Service Agency, а финансирани од германско федерално Министерство за економска соработка и развој, спроведе активности во рамките на проектот „Безбедно училиште и покрај Корона“.
Целта на проектот е подобрување на превенцијата од Ковид-19 во средните училишта и обезбедување дезинфекциски средства за истите.
Во 25 средни училишта на територија на град Скопје се дистрибуирани и поставени:
- 290 дозери за сапун
- 290 дозери за хартија
- 598 харија
- 1 450 л. течен сапун
- 460 п. влажни марамици
- 460 л. средство за дезинфекција
- 460 постери
- 4 600 флаери за ученици
Продолжуваме да бидеме поблиску до нашите граѓани и заедно со нашите партнери во поддршка на заштита од Ковид-19.