2026-03-03
Базар по повод „Среќна Баба Марта“
„Дневен престој за стари лица за активно стареење“ при Црвен крст на град Скопје, на 1 март организираше хуманитарен базар во Веро Џамбо, со цел да ја одбележи традицијата на Баба Марта и да придонесе за хумана мисија.
Нашите корисници од третото доба со голема љубов и посветеност изработија рачно изработени мартинки, кои беа понудени на посетителите на базарот. Благодарение на заедничката поддршка, беа продадени повеќе од 1.000 мартинки.
Собраните средства ќе бидат наменети за набавка на лекови и поддршка на социјално ранливи лица од третото доба.
Искрена благодарност до сите
