Пребарувај по датум:
2015-08-23

Асистенција на мигрантите

Мобилните тимови на Црвен крст со поддршка на УНХЦР, во континуитет имплементираат активности со цел намалување на ранливоста на мигрантите.

Секојдневно тимовите пружаат прва помош на лицата кои имаат потреба од итна медицинска грижа, како и дистрибуираат пакети со храна, хигиенски пакети за мажи, хигиенски пакети за жени, пакети за бебиња и пакети за прва помош. За време на викенд екипите на Црвен крст имаа околку 900 интервенции и беа дистрибуирани 2800 пакети храна и преку 10.000 шишиња вода.

Вкупно 30 лица (лекари, парамедици и логистика) се распоредени во 6 тимови на двата гранични премини, Гевгелија и Табановце. Тимовите се активни за време на сите денови а од четврток-27август ќе бидат ангажирани уште две екипи (8 лица) за ангажман во вечерните и ноќните часови.  

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.