Арапската Федерација на слепи од страна на Делегација од Државата Катар
Презентација на улогата, работата и структурата на Арапската Федерација на слепи од страна на Делегација од Државата Катар
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид – Црвен крст на град Скопје, на 20 Ноември 2018 година, по втор пат беше посетен од страна на Делегација од Државата Катар – Д-р Калид Али Ал – Наеми – Ополномоштен Министер во Секретаријатот на Лигата на Арапските Држави, Претседавач на Арапската Федерација на слепи и Претседател на Арапското друштво за човекови права, со цел реализација на состанок преку презентација на работата и функционирањето на Арапската Федерација на слепи во Катар. На состанокот активно учество зедоа 33 учесници – Делегација од Државата Катар, корисници на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид, тимот на Центарот за поддршка, претставници од Сојузот на слепи на РМ, претставници од стручната служба на ЦКГС и претставници од УЈИЕ. Презентацијата ја водеше Господинот Д-р Калид Али Ал – Наеми, кој по завршувањето на своето излагање остави простор за интеракција со присутните на состанокот. Од страна на присутните беа поставувани прашања поврзани со работата со лицата со оштетен вид и услугите кои им ги нуди Државата, како во Република Македонија така и во Државата Катар, преку една размена на искуства. Преку оваа посета, Господинот Д-р Калид Али Ал – Наеми се заблагодари на гостопримството на Црвен крст на РМ и Црвен крст на град Скопје, и најави идна соработка и размена на искуствата помеѓу двете Држави на тема – помош и поддршка на лицата со оштетен вид. Самиот настан беше емитуван во живо преку интернет на You Tube каналот.
Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.