Пребарувај по датум:
2014-01-20

Амбасадорот на Е.У. во Македонија го посети пунктот за бездомници во Момин Поток

Хуманоста на вработените во Европската Унија во Република Македонија резултираше со насмевка на 40 бездомници кои го посетуваат пунктот за бездомници во Момин Поток.

Со средствата донирани од вработените се обезбедија 400 солидарни оброци, а исто така обезбедени се и 8 пакети со облека. Амбасадорот на Европска Унија во Р.М. заедно со вработените на 17 Јануари 2014 година го посетија пунктот за бездомници во Момин Поток и ги поделија ваучерите за солидарните оброци како и пакетите со облека. Покрај донаторската акција, посетата на Амбасадорот на Е.У. во Р.М. и вработените, беше искористена за да се прикажат активносите кои Црвениот крст на град Скопје ги спроведува во пунктот за бездомници во Момин Поток. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.