Пребарувај по датум:
2022-09-21

Алкалоид АД Скопје дава своја поддршка во работењето на Копче преку хуманитарна собирна акција за донирање на облека

Алкалоид АД Скопје дава своја поддршка во работењето на Копче преку хуманитарна собирна акција за донирање на облека

Како општествено одговорна компанија,  #Алкалоид АД Скопје дава своја поддршка во работењето на Копче преку хуманитарна собирна акција за донирање на облека.

Во периодот од 19-30.09.2022 година се одржува хуманитарна акција за повеќе од 2000 вработени во базата на компанијата за донирање на облека со цел помош на социјално загрозени семејства.

Заеднички ја поттикнуваме хуманоста и солидарноста, даваме поттик за позитивно размислување за донирање и истовремено го намалуваме човековото страдање.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.