Активности за справување со топлотниот бран, 11–13 август 2025
Во периодот од 11 до 13 август 2025 година, мобилните тимови на Црвениот крст на град Скопје спроведоа теренски активности за заштита на граѓаните од ефектите на топлотниот бран. Акциите беа реализирани согласно Акциониот план и препораките на надлежните институции.
👉 Тимовите беа составени од лекар или парамедик и обучени волонтери од Црвен крст на град Скопје и ООЦК – вкупно 18 ангажирани лица, распределени во 9 мобилни екипи со 3 возила.
👉 Секојдневно, во период од 11:00 до 16:00 часот, патролираа низ најфреквентните локации во Скопје – автобуски постојки, пазари, здравствени установи и централното градско подрачје.
👉 Дистрибуирани беа повеќе од 1800 шишиња флаширана вода, а беше обезбедена и здравствена помош во 23 случаи, главно мерење на крвен притисок и советување за справување со жештините.
Дополнително, активен е и телефонскиот број 071/223-972, поставен во пунктот за бездомници во Момин Поток, каде граѓаните може да пријават лица кои имаат потреба од помош.
Овие активности се дел од пошироките напори на Црвениот крст на Република Северна Македонија за превенција и ублажување на последиците од екстремните температури, со фокус на најранливите категории граѓани.