Пребарувај по датум:
2025-07-09

Активности за справување со топлотен бран

Мобилните екипи на Црвениот крст на град Скопје, согласно акциониот план и препораките на надлежните институции за справување со топлотни бранови, во период  од 04-08 јули  дејствуваа  на терен.

Екипите составени од лекар или парамедик патролираа низ градот Скопје-централното градско подрачје, на поголемите автобуски постојки, пазари и здравствени установи и дистрибуираа вода, се мереше притисок на граѓаните кои се пожалија на тегоби.

За активностите во овој период, ангажирани беа 48 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, волонтери во ООЦК и професионално ангажирани лица, поделени во 11 тима, со 4 возила кои на дневна основа патролираа низ градот  во периодот од 11:00-16:00 часот.

За овој период поделени се над 2 200 шишиња флаширана вода, а тимовите имаат асистирано во 59 наврати

Во пунктот за бездомници во Момин Поток отворен е телефонот 071/223-972 за дојави од страна на граѓани за бездомници кои се погодени од топлотниот бран.

Активностите се во рамките на Акциониот план на Црвениот крст на РСМ за справување на штетите од топлотниот бран.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.