2008-03-06
Активности во рамките на неделата на борба против ракот
Во пресрет на празникот на жената 8- ми Март, младите од клубот на млади на Црвен крст на град Скопје, традиционално во соработка со здружението Животна искра, ги посетија пациентките на дел од клиниките на Клинички центар.
Младите на пациентките од одделот за Торако-васкуларна и дигестивна хирургија и за жените од клиниката за Онкологија им подарија цветови и со топли зборови им го честитаа престојниот празник.
Со овој скромен придонес сакаме уште еднаш да дадеме и хумана димензија во празнувањето на денот, почит, но и поддршка за жените кои на овој ден се далеку од своите домови и блиски, како и да им покажеме дека мислиме на нив со желби за нивно подобро здравје.