Пребарувај по датум:
2011-10-26

АКТИВНОСТИ НА ЦК НА ГРАД СКОПЈЕ И ООЦК НА ТЕРИТОРИЈА НА СКОПЈЕ ВО ЦЕНТРИТЕ ЗА ДЕЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

Во рамките на проектот поддржан од Комерцијална банка, на територија на град Скопје беа реализирани две активности.

Едната од нив беше обуката по прва помош и истата ја следеа девет вработени и волонтери од центрите во Капиштец и Автокоманда.
После секоја тематска единица следуваше практичен дел за увежбување на техниките по прва помош (користење на прирачни и стандардни средства, реанимација, странична положба, анти-шок положба, преврски со завои, преврски со тријаголни марами, имобилизација, помош при ненадејни нагли заболивања како епилепсија, мозочен удар, градна болка, хипогликемија…).
За потребите на двата центри беа дадени два пакета со санитетски потрошен материјал и кутија ракавици Учесниците за време на обуката и практичните вежби активно дискутираа и ги изложуваа своите искуства во справување со одредени ситуации специфични за нивната категорија на штитеници.
Во насока на разубавување на просторот во кој секојдневно присуствуваат штитениците, а со поддршка на волонтерите од клубовите на млади, беа засадени цвеќиња и беше разубавен просторот во центрите.
Во активноста се вклучија и самите штитеници кои поминаа убаво, организирано време за дружење со волонтерите кои и понатаму ќе бидат поддршка за заеднички активности насочени кон оваа целна група.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.