Активности на Центарот за безбедност на вода на ЦК на град Скопје
Центарот за безбедност на вода при Црвен крст на град Скопје во текот на месец јули имаше ангажирано 50 лица – сертифицирани спасители на затворени води и медицински персонал. Во периодот од 3 јуни до крајот на месец јули, евидентирани се над 550 интервенции и асистенции на 9 водените површини, на кои има ангажирано лица од страна на Црвениот крст на град Скопје. Од водените површини се извлечени 53 активни давеници кои се на возраст од 3 до 38 години. Извршени се и 20 транспорти до Ургентен центар.
Обучените спасители продолжуваат со редовни дежурства на водените површини со цел грижа за безбедноста на капачите, со апел до сите посетители на базените да ги следат препораките за однесување како и советите и насоките од нашите ангажирани лица.