Активност за поддршка на лицата од Украина
Во детското катче на Црвен крст на град Скопје, каде организираме активности со лицата од Украина со престој во РСМ, нашите соработници од Institute-македонски бренд на медицинска козметика ни овозможија едно поинакво искуство. На заедничка работилница, се изработуваа крема за нега на кожа и балзам за уста. Интересно и необично искуство и за повозрасните и за децата беше процесот на подготовка на препаратите за нега, а секако не изостана и дружењето со волонтерите.
Во рамките на проектот за поддршка на лицата од Украина во нашата држава, се имплементираат низа активности насочени кон помош и полесна социјализација во општеството, со крајна цел олеснет престој во РСМ и овозможување на адаптација во новата средина.
Активностите за помош и поддршка на лицата од Украина континуирано се реализираат преку проектна поддршка од Швајцарски Црвен крст и ИФРЦ.