Пребарувај по датум:
2023-12-07

Активен 5 декември

Секоја година го одбележуваме и чествуваме 5 декември, Светскиот ден на волонтерството со активности преку кои го уважуваме трудот и вложеното време на секој еден волонтер кој придонесува за добробит на заедницата и корисниците.

Оваа година, на 5 декември беше организиран волонтерски настан за учениците во училиште ОУРЦ Др. “Златен Сремец”. Вкупно 30 волонтери и вработени од Црвен крст на град Скопје и 5-те ООЦК, поделени во два тима, поминаа неколку активни часа во училиштето, со и за учениците.

Едната група имаше креативна работилница со учениците на која се изработуваа лампиони за Нова година.

Втората група спроведе еколошка акција која имаше за цел разубавување просторот каде учениците поминуваат најмногу време, се засадија дрвца, цвеќиња, се постави клупа и корпа за отпадоци.

Заедно можеме повеќе

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.