9 септември, Светски Ден на Првата Помош
Секоја година милиони лица се соочуваат со повреди или ги губат нивните животи во несреќи кои настануваат во домот.
Oваа година мотото под кое ќе се одбележи Светскиот ден за Прва помош е Несреќи во домот кое упатува на превентибилни или несакани повреди кои се појавуваат во домашни услови. Несреќите во домот можат да ја зафатат секоја популација, без разлика на нивниот пол, години, приходот или географската положба.
Домовите често се перцепираат како сигурни места, но за жал тие се местата каде што 80% од несреќите се појавуваат. Во Светски рамки, најчестите повреди кои се јавуваат во домовите се резултат од електрични шокови, изгореници, труење, задушување, давење, загуба на сознание, срцев удар и пад.
Да се биде свесен за ризиците и опасностите во домашни услови е првиот чекор кон развивање на култура за безбедност и превенција во домот.
Црвен крст на град Скопје, Светскиот ден на Првата Помош го одбележи денес, 6 септември со предавања за Првата Помош за лицата во трето доба во трите дневни центри кои функционират во Скопје. Во рамките на одбележување на неделата, претходниот ден беа посетени домови на десетина корисници-лица во трето доба и обуката беше спроведена токму во домашни услови.
Во обуките беа вклучени 15 парамедици, 20 волонтери а над 100-на лица ја проследија обуката.