Пребарувај по датум:
2025-09-15

80 години ЦК на град Скопје!

Во саботата, 13 септември, во Градски парк го прославивме големиот јубилеј – 80 години Црвен крст на град Скопје!

На фонтана Лотос ја создадовме Хуманата зона со 7 куќички кои ги претставуваа нашите принципи. Заедно со повеќе од 1000 посетители другарувавме, танцувавме, слушавме музика од млади и надежни бендови, уживавме во детска програма и вечерта ја заокруживме со доделување на Јубилејни признанија и Оскари на хуманоста.

Оваа беше ден исполнет со радост, забава и хуманост – ден во кој ја почувствувавме силата на заедништвото. Благодарни сме на сите волонтери, поддржувачи и пријатели кои ја направија оваа прослава посебна.

Благодарност до сите што беа дел од овој незаборавен ден! 🙌
Заедно продолжуваме со мисијата, со волонтерите и со заедницата – кон нови успеси и нови јубилеи.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.