6 години љубов
По повод 3 Декември- Светскиот ден на лица со попреченост, во Дневниот центар ,,Пролет” беше организирана дружба со цел да се истакне значењето на инклузијата, поддршката и еднаквите можности на оваа целна група. Средбата дополнително беше збогатена со посетата на нашата драга Елена Ристеска која донесе многу радост и сите имаа можност да уживаат во разговорот, заедничкото пеење и вниманието што им го посвети.
Воедно, го честитаме 6-тиот роденден на Дневниот центар ,,Пролет” со желба за успешна работа и многу нови активности што ќе им овозможат на корисниците поддршка, среќа и поквалитетен секојдневен живот.
Голема благодарност до Елена за одвоеното време како и за Тина Мицковска и Зоолошка градина-Скопје кои се наши долгогодишни поддржувачи и пријатели на Црвен крст.
На истиот ден ги посетивме и нашите долгогодишни пријатели од Дневниот центар за лица со церебрална парализа- Капиштец кои одбележаа голем и значаен 20 годишен јубилеј. За одличната забава и убава атмосфера на корисниците, нивните родители и сите присутни се погрижија нашите соработници-пејачката Ивона Јовановска и гитаристот Мартин Крстев.

