58 ноќевања во прифатилиштето во Момин поток
Во периодот од 31 декември 2020 до 19 февруари 2021 година кога Скопје го зафатија екстремно ниски температури, Прифатилиштето за бездомници во Момин поток беше отворено за преноќување секој ден од 20:00 часот навечер до 08:00 часот наутро.
Вкупно беа реализирани 58 ноќевања од страна на вкупно 7 бездомници кои воедно добиваа и оброк со топол чај.
Воедно беа ангажирани тимови кои беа 24 часа спремни да реагираат на терен по дојава на лица најдени на улица во лоша здравствена состојба од страна на граѓани, полиција и слично. На терен беа реализирани 6 интервенции. Лицата кои беа посетени, потоа беа сместени во прифатилиштето или пак за оние кои имаа свои дом беа транспортирани до своите домови.
На лицата кои при теренска интервенција одбија да преноќат во прифатилиште им беа поделени вреќи, ќебиња, капа, шал, ракавици, топол оброк и топли напитоци. Од дојавените бездомници детектирани на терен, 4 бездомни лица беа транспортирани од страна на Црвен крст до транзитната соба во прифатниот центар Чичино село.