5 = 9 369
Пред точно 5 години (18 април 2013 година), како чекор понапред во процесот на унапредување на крводарителството на територија на град Скопје, отворен беше Дневниот центар за дарување крв „Нова локација за вашата хуманост“. Во наменски адаптирана просторија во склоп на ДХО Даре Џамбаз, во убаво и топло опкружување, крводарителите имаат можност својата хуманост преку чинот на крводарување да ја покажат секој работен ден 10:00-17:00 часот и сабота од 09:00-14:00 часот.
Од отворањето па се до денес, согласно работното време, во просториите на Центарот присутна е екипа од Институтот за трансфузиона медицина како и социјален работник ангажирани од Црвен крст на град Скопје. Дневниот центар за дарување крв, примарно е место каде потенцијалните крводарители може да даруваат крв, но и да се дружат, разменат идеи и искуства и да добијат корисни информации за крводарителството. Работењето на Дневниот центар е поддржано од Алкалоид Скопје
Честитки за јубилејот, честитки за реализираните 9 369 единици крв, со надеж дека дневниот центар за дарување крв и во иднина ќе остане препознатлива локација за вашата хуманост.