#16CKAPHV
На 06.05.2021 се оддржа шеснаесеттата ЦКА-ПХВ онлајн работилница со наслов “ Здравствена култура“. Истата беше реализирана од страна на ПХВ инструктор Јованка Сион Доленц од Охрид. Учествуваа 95 учесници, волонтери од различни ООЦК, наставници и заинтересирани учесници. Од присутните кои ја пополнија евалуација во форма на анкета преку која ја евалуираа работилницата. 93% се изјаснија дека работилницата е многу корисна, 86% дека е многу интерактивна, и 96% се изјаснија дека работилницата е интересна. Сите, односно 100% би ја препорачале работилницата на своите врсници.
Некои од коментарите се:
“Со секоја нова работилница си го збогатувам своето знаење, фала ви❣️!“
“УМногу ми се допадна работилницата, ги исполни моите очекувања😁! ”
“Супер работилница, стекнав многу повеќе знаење од областа на здравјето и добив одговор на прашања кои ме интересираа.”