Пребарувај по датум:
2011-10-31

1400 млади обучени за дисеминација

Во рамките на новиот циклус на ЦКА-ПХВ програма, се организираше еднодневна обука за 40 дисеминатори за ЦКА ПХВ моделот

дел од нив се по прв пат во програмата, а дел од нив веќе биле вклучени во некој од предходните циклуси.

Обучените дисеминатори во периодот до 7 ноември, на територија на целата држава ќе обучаат 1400 младинци, потенцијални волонтери на возраст од 14 до 18 година за историјатот на Црвениот крст, фундменталните принципи, за амблемите, за компонентите на Движењето, за меѓународното хуманитарно право…
Со поддршка на дисеминаторите младите, во текот на месецот Ноември, ќе ја поминаат и втората ЦКА-ПХВ обука, за изработка на малите проекти, ќе ја ставаат хуманоста во акција и ќе ги реализираат своите мали проектиза доброит на заедницата.
Целта на програмата е задржување на што поголем број на волонтери во редовите на организацијата, во клубовите на младите.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.