113 Мали ЦКА ПХВ проекти
Од 09-11 април ЦКА ПХВ тимот оддржа подготвителна работилница во Струга со цел прегледување и оценување на проектите сработени од младите кои беа дел од циклусот 2009/2010 година.
Вкупна бројка на пристигнати и имплементирани проекти на терен за добробит на ранливото население во заедница изнесува 113 проекти. Инструкторите од целата земја за два дена се обидоа по посебно поставени критеријуми каде се оценува фаза, идеја, истраживање, документацијата, еферкот и акцијата ги оценија проектите и се исполнија со енергија од овие мали но големи луѓе.
Млади од ООЦК кои изработиле најмногу проекти со сонце (смениле нечии живот, помогле при вработување, платиле операција…) се од Берово и ова година пехарот од Кочани се сели во Берово.
ООЦК која пак сроботила најмногу проекти е ООЦК Кичево со неверојатен број од 11 мали проекти.
Проектите беа најразлични. Од средување на канцеларија за млади со комплетно кречење во Неготино, изработување на 80 честитки за жени кои изготвувале сарми за гинисова кника на рекорди во Прилеп, собирање пари за операција, реновирање на покрив на куќа, реновирање на купатило за едно социјално загрозено семејство (Берово), работа до деца со хендикеп, купување на посебен велосипед за деца со потешкоти во психо моторен развој (Охрид) , шиење на мали перничиња кои беа продавани апарите наменети за храна (Кичево), изготвување на театарска претсатав и купување на микровална печка за СОС детско село (Тетово) …
И уште многу многу такви прекрасни проекти. Проекти во који се гледа хуманост, добрина, мисијата на Црвениот крст и се она зоштно вусшност ние и постоиме и работиме.
И понатака треба да се улага и да се мотивират овие млади луѓе, да се работи со нив и да се улага во сопствената иднина.