Пребарувај по датум:
2018-09-28

10 години соработка на Црвен крст на град Скопје и Американската амбасада во Скопје

10 години соработка на Црвен крст на град Скопје и Американската амбасада во Скопје

Јубилејната крводарителска и прехранбено собирна акција организирана во соработка со Американската амбасада заврши со одлични резултати. Рекордни 393 крводарители даруваа крв и на тој начин ја покажаа својата хуманост и дадоа придонес за заедницата. Собраната количина од 3 тони храна беше донирана од партнерите и соработниците, меѓу кои голем дел од другите Амбасади во РМ, наменета за целните групи кои Црвениот крст на град Скопје ги поддржува во текот на целата година. Во акцијата беа вклучени 30 волонтери од Црвениот крст на град Скопје и Општинска организација на Црвен крст Чаир, 20 лица од Институтот за Трансфузиона медицина и 10 професионалци од Црвениот крст. И оваа година придонес во акцијата дадоа и Американските катчиња во Скопје, Тетово, Штип, Битола и Струга каде исто така беа организирани собирни акции.

По повод десетогодишниот јубилеј, Секретарот на Црвен крст на град Скопје г-ѓа Сузана Т.Пауновска на Американската амбасада и додели плакета за досегашната поддршка на општествено-хуманитарните активности на Црвен крст на град Скопје. Истата му беше врачена на Американскиот Амбасадор г. Џес Бејли. Традиционално, на акцијата крв даруваа Американскиот Амбасадор г. Џес Бејли и Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ г. Саит Саити.

Благодарност до сите оние кои на било каков начин се вклучија во реализација на овој настан.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.