01 Јуни, Денот на згрижувачи
Запознајте ја….
Згрижувачката Џулијана имала позитивни примери во своето семејство преку роднини кои згрижувале деца и таа учела од нив, од најдобрите. Заедно со својот сопруг, одлучуваат да тргнат по тој хуман пат и веќе 6 години згрижуваат едно прекрасно, насмеано дете. Џулијана вели дека детето и носи среќа, радост и љубов. Таа раскажува дека децата и се веќе големи, тргнати по својот пат и таа одлучила љубовта да ја дели и со другите деца, оти само она што се дели, всушност се множи и се зголемува. Џулија вели: „Прекрасно е чувството да сте згрижувач и да му помогнете на дете кому му е потребна поддршка и љубов додека расте и се развива. Навистина нема ништо подобро и помоќно на овој свет“.
Денес е денот на згрижувачи, денес е денот кога ќе се чита за нив и нивните позитивни приказни кои ќе бидат споделени со граѓаните. Згрижувачите се тука сите 365 дена за децата. Да им дадеме поддршка, да им дадеме моќ, да бидеме и ние нивен глас, нивните приказни да инспирираат и други со цел повеќе деца да бидат згрижени.
Црвен крст на реализира низа на активности во соработка со ЈУ Меѓуопштинки центар за социјална работа Скопје за поддршка и социјализација на децата сместени во згрижувачки семјства.
Фото и приказна А.Ристовски