Здравствено превентивна дејност
Црвен крст на град Скопје континуирано делува во изработка на работни програми за здравствено воспитување, ја следи нивната реализација и ги евалуира резултатите. Сите здравствено превентивни активности кои ги реализира,претходно ги планира и координира, а подготвува и едукативен материјал за јавно информирање со што ја запознава јавноста со карактеристични актуелности од областа на здравството и превенцијата. Со здравственото промовирање на одредении болести, населението знае како да се заштити, како да ги препознае и како да го намали ризикот и последиците од нив.
Традиционално,според Календарот, преку активности редовно ги одбележува:
- Недела на борба против срцево-садовни заболувања
- Недела на борба против ракот
- Недела на борба против Туберкулоза
- Недела на борба против Шекерната болест
- Недела на борба против ХИВ/ СИДА
Придонесот од реализираните активности на Црвениот крст на град Скопје од областа на првата помош и здравствено превентивната дејност го ужива целата заедница.
Првата помош е хуманитарно дејство достапно за сите, каде се користат сите знаења и вештини, без дискриминација, во мирнодопски, вонредни или воени услови каде има повредени.
ЦКГС нуди 3 вида обуки за работни организации:
- Основен – 6 школски часа
- Напреден 1 – 8 школски часа
- Напреден 2 – 13 школски часа
- според спецификата на работната институција.
Знаењата и вештините по прва помош,традиционално секоја година ги покажуваат по 15 екипи (90 ученици) од основните училишта на територијата на град Скопје преку учество на Градскиот натпревар по прва помош.
Одбележувањето на Светскиот ден на првата помош , посветен на денот на сеќавање на жртвите во сообраќајни несреќи, овозможува над 100 тина посетители секоја година да ја подигнат свеста за опасностите кои произлегуваат од сообраќајните незгоди.
Координатор на одделот, Маја Цветкова – skopje.infock@redcross.org.mk