Твининг Програми
Соработката со Телемарк Црвен крст-Норвешка, се темели на меморандумот за соработка кој беше потпишан во 2016 година со важност од 3 години. Заради доброто искуство и позитивните резултати од двете страни, соработката е продложена за уште две години. Планирани се неколку посети од нивна и наша страна во текот на кои волонтерите ќе имаат можност да разменат искуства и знаења поврзани со активности кои се реализираат во двете организации на Црвен крст.
Продолжува соработката и со Црвениот крст Нинберг во Германија како и со повеќе Национални друштва друштва на Црвен крст во регионот и пошироко, во насока на размена на искуства, позитивни практики и унапредување на досегашните програмски и проектни активности на Црвен крст на град Скопје.