Млади
Младите во Црвен крст на Република Македонија се организираат на национално и на локално ниво. Во секоја Општинска организација на Црвен крст и како и во Црвен крст на град Скопје постои форма на организирање на младите волонтери преку т.н. „Клубови на млади“. Заедничко за сите клубови на млади е тоа што нивното функционирање е во согласност со Правилникот за организација и работа на Младите на Црвен крст на РМ и Статутите во Општинските организации и Црвен крст на град Скопје.
Млади луѓе, кои преку своите активности ги шират принципите и идејата за Црвениот крст, волонтираат за посреќно, поздраво и поинформирано општество, во кое младите ќе можат поуспешно и поквалитетно да се оформат како личности и идни успешни лидери на светот. Нашите волонтери се млади луѓе од различна националност и верска припадност, но со потреба за заедничко разбирање, пријателство и соработка меѓу сите луѓе, и заедничка цел – обезбедување на подобра и посигурна иднина.
Во низата форми на делување на Црвениот крст на град Скопје, младите се поддршка, но и директни имплементатори на програмските и проектните активности. Преку организираната форма на дејствување- Клуб на млади, активностите во голема мерка се насочени кон:
- социјално- хуманитарни,
- здравствено превентивни и
- календарски активности
- активности иницирани од волонтерите во Клуб на млади согласно проценките и потребите на заедницата во која живееме.
Активностите на клуб на млади се дел од програмата за работа на Црвен крст на град Скопје и истите се операционализираат во оперативна програма која ја следи календарската година. Во рамките на клубот постои структура која се избира на секои 2 две (години) и тоа лидер на клуб на млади и заменик лидер. Клубот функционира по принципот на неделни состаноци на кои се планираат активностите, но и со поединечни или групни средби во канцеларијата за млади која функционира во рамките на организацијата. Теренските активности се исто така координирани од канцеларијата за млади. Постои и интерен документ- правила за млади при реализација на теренски активности, најмногу во заштита на амблемот на Црвениот крст како и носење на обележја и однесување при активности. Волонтерите кои се дел од клубот на млади поминуваат обуки, работилници преку кои подетално се запознаваат со структурата на организацијата, активностите и приоритетите за работа. Согласно нивните индивидулани потреби, можности и лични афинитети , волонтерите се стекнуваат и со дополнителни обуки во различни сфери пр. зајакнување на тим и тимска работа, лидерски вештини, тренинг за врснички едукатори, дисеминатори, демонстратори за Прва помош и сл. Континуираната надградба на капацитеите на волонтерите помага во нивната вклученост во теренските активности, бидејќи во Црвениот крст волонтерите се столб на организацијата.
Волонтерите во рамките на клубот комуницираат помеѓу себе на ниво на неделни средби/состаноци, но и преку социјалните медиуми и преку официјалните ФБ страници на Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на РМ.
Проектни активности на Клуб на млади на Црвен крсет на град Скопје
Со цел социјализација и дружење на децата со посебни потреби и децата од згрижувачки семејства, креирана е посебна програма/ проект за работа со нив која веќе десет години е поддржана од Комерцијална банка а.д. Скопје. На овој начин придонесуваме за нивна полесна интеграција и инклузија во заедницата.
Со поддршка на Град Скопје, преку клубот на млади се реализира и проектот „Училишни клубови за едукација и превенција на Црвен крст и Град Скопје“ чија цел е зајакнување на капацитеите на младите во 10 средни училишта на територија на град Скопје и пружање помош во заедницата. Преку едукации, помош во заедницата, подобрување на личните вештини на средношколците, придонесуваме кон зголемување на бројот на активни волонтери, како и помош и подршка кон различни категории население во нашата заедница.
Црвениот крст на град Скопје, преку Клуб на млади, во соработка со Специјалната болница за хируршки болести Жан Митрев, од 2007 година го реализира проектот “Моето срце во сите бои”насочен кон децата со ВСА (вродени срцевосадови аномалии), но и нивните родители. Преку летен камп, волонтерите од Клубот даваат психосоцијална поддршка на деца со вродени срцеви аномалии, за нивните родители, а промовираат и здрави животни навики во насока на превенција.
Со сите овие нешта, младите активно се вклучуваат во помош кон заедницата, иницираат и реализираат на хуманитарни активности и проекти, прават позитивни промени во заедницата, но и самите тие позитивно се менуваат.
Координаторот на одделот, Ана Франциќ – skopje.mladi@redcross.org.mk