Пребарувај по датум:

ЕДУКАТИВЕН ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЗА ОБУКИ ЗА ВОЗРАСНИ

Центарот за обуки при Црвениот крст на град Скопје започна со работа во 2017 година. Секоја година се обучуваат околу 60 негуватели и лични асистенти, кои се стекнуваат со сертификат и со знаења, компетенции и вештини за работа во домашни услови.

Тренинг-центарот при Црвениот крст на град Скопје е верификуван провајдер од страна на ЈУ Центар за Образование на возрасни за следните програми:

Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост,

Главна цел на програмата е кандидатот да стекне знаења, вештини и компетенции за давање на помош и нега на лица кои поради возраст, хронични болести, попреченост и др. причини се во состојба на изнемоштеност и неможност да се грижат за себе. Услугите се од различна природа и форма и ја заменуваат институционалната грижа и другите форми на организирана грижа.

Програмата е составена од 3 области/ модули кои треба да обезбедат знаења и вештини кај кандидатот кој ќе ја следи оваа програма и по нејзиното завршување ќе биде оспособен да ги извршува следните работи:

  1. Работи ефективно, комуницира и дава психо- социјална поддршка
  2. Помага во домот на стари и немоќни лица и лица со попреченост
  3. Негува и помага во унапредување на здравје и заштита од болести

Реализацијата на програмата се одвива преку теоретски и практичен дел. Стручно-теоретските содржини ќе се реализираат во училница/кабинет. Практичната обука на работно место се изведува во домови за сместување  на стари лица или други установи и институции (20 часа).

Времетраењето на програмата е 250 часа од кои 115 часа се теорија, 135 часа припаѓаат на практична обука.

По успешно завршување на програмата и со положен завршен испит кандидатот се стекнува со сертификат „ Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост“.

Палијативен/а негувател/ка на изнемоштени лица,

По завршувањето на  оваа обука учесникот ќе биде оспособен да:

  • планира, подготвува и организира сопствената работа самостојно во домот на негуваното лицеи/или под надзор на стручно лице во институции/установи за палијативна нега;
  • почитува и спроведува принципи за палијативна грижа согласно возраста, состојбата и карактеристиките на негувано лице;
  • познава, разбира и применува основни знаења за услугата помош и подршка во домашни услови и поддршка во секојдневните активности за палијативна нега на лицата;
  • спроведува активности за исполнување на слободното време, по препорака на стручни лица.
  • извршува своите задачи во согласност со етичките норми, релевантните законски стандарди, кодекси на работа и методи за добра комуникација со корисници те и семејствата, и се залага за препознавање и спречување на злоупотреба;
  • се грижи за квалитетот на извршената работа, безбедноста и здравјето на работната и животната околина и применува протоколи за заштита при работа во домот или установата.

Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест

Програмата за асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест и деменција има за цел оспособување на учесниците  за давање помош и поддршка на корисниците на услугите, и нивните семејства. Асистент за нега на лица со Алцхајмерова болест и деменција треба да  обезбеди директна помош, поддршка и нега  на лицето за кое се грижи, како и индиректна поддршка и помош на неговото/нејзиното семејство.

Програмата е со времетраење од 250 часа или 10 кредити,  истата опфаќа  стручно теоретски содржини во времетраење од 110 часа-теоретска обука која се реализираат во училница/кабинет и 140 часа-практична работа ќе се изведува во  домашни услови и институции за сместување  на лица со алцхајмерова болест. По завршување на програмата учесникот ќе се добие Сертификат за Асистент за нега на лица со алцхајмерова болест. Програмата ќе овозможи учесникот да се оспособи да:

  • Планира, подготвува и организира сопствената работа самостојно  и/или под надзор на стручно лице во институции/установи за лица со  Алцхајмерова болест.
  • Дава нега на лице алцхајмерова болест и со деменција и според потребите и / или насоките на здравствениот тим;
  • Дава поддршка и помош на лица со Алцхајмерова болест и деменција и нивните семејства;
  • Се грижи за квалитетот на извршената работа, безбедноста и здравјето на работната и животната околина.
  • Користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена и исхрана, манипулира при физиолошка потреба;
  • Комуницира и е проактивен во обезбедувањето на услугата;

се грижа за лична безбедност,   безбедност при работа, безбедност на клиентот и околината во која работи.

Личен асистент на лица со попреченост

Целта на програмата личен асистент на лица со попреченост е учесниците да се стекнат со соодветни знаења, вештини и компетенции за пружање помош и поддршка на корисниците на услугата, а во насока на унапредување на квалитетот на нивниот живот

Програмата е составена од четири модули и тоа

  • Основни познавања на видовите на попреченост, видови помагала и нивна примена
  • Помош на работно место, образовниот процес и во заедницата
  • Помош во домот на корисникот
  • Комуникација и психо-социјална поддрша

Оваа програма е во времетраење од 200 часа од кои 92 часа се теорија и 108 часа се практична настава. 

Реализацијата на програмата се одвива преку теоретски и практичен дел кој што го предаваат стручни лица како доктор, специјален едукатор, социјален работник и медицинска сестра.

Стручно-теоретските содржини  се реализираат во училница/кабинет, а пак практичниот дел се реализира во дом за стари лица/специјализирани институции/ во институции со организиран дневен престој и центар за асиситивна технологија каде со помош на стручни и обучени лица, личните асистенти се здобиваат со знаења од пракса и теорија.

По завршувањето на обуката за личен асистент на лица со попреченост, асистентите се стекнуваат со следниве компетенции

  • самостојно помагање на корисниците
  • помош и поддршка на корисникот во домот
  • помош и поддршка на корисникот на работното место
  • помош и поддршка на корисникот во образовниот процес и заедницата
  • компетенции за самостојно да води ефикасна комуникација
  • компетенции да дава психосоцијална поддршка и учествува во социјализација на корисникот

Локација: Славе Георгиевски Шнајдер број 5

Работно време : понеделник-петок 08:00 до 16:00 часот,

Контакт телефон: 070 352 246,   skopje.negacentar@redcross.org.mk

ИТНО КОПЧЕ
Посебен транспорт за стари лица и лица со попреченост
Црвениот крст на град Скопје од 15 мај ќе започне со нудење на посебен транспорт за стари лица и лица со попречености со посебно опремени наменски возила.
ЕДУКАТИВЕН ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЗА ОБУКИ ЗА ВОЗРАСНИ
Центарот за обуки при Црвениот крст на град Скопје започна со работа во 2017 година. Секоја година се обучуваат околу 60 негуватели и лични асистенти, кои се стекнуваат со сертификат и со знаења, компетенции и вештини за работа во домашни услови.
Центар за прва помош – Црвен крст на град Скопје
Првата помош треба да претставува секојдневие за секој еден човек, бидејќи се применува во секој сегмент во животот- дома, на работа, на училиште итн.
Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет”
Црвен крст на град Скопје во соработка со Општина Центар- Скопје, го отвори првиот Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години на територија на Општина Центар.
Центар Солферино
Објектот се наоѓа во Струга, на самиот брег на Охридското езеро. Центарот во Струга со комплетно новиот систем на управување и организација, претставува нов концепт во работењето на нашата организација.
Копче
„Копче“ е социјално претпријатие кое функционира од 2018 година и е место каде секој може да донира, да купи облека од втора рака или пак истата да ја добие бесплатно.
Пункт за бездомници – Момин поток
Пунктот за бездомници во Момин Поток 11 години во континуитет е единственото место каде бездомните лица добиваат услуги од доктор,социјален работник и психолог како и хигиенски и берберски услуги.
Центар за дарување крв
Во наменски адаптирана просторија во склоп на ДХО Даре Џамбаз, крводарителите имаат можност својата хуманост преку чинот на крводарување да ја покажат секој работен ден (прием на дарители) Понеделник - Петок 08:00-14:30 часот.
Планинска станица – Даре Бомбол
Тимот за спасување на планина е засебен посебно обучен и специјализиран сектор за планинско спасување и пребарување во пред се тешко пристапен терен со применување на различни техники. Константното надоградување и доедукација на тимот со сите последни начини и техники на спасување и пребарување е клучно за подготвеност за одговор во случај на итна потреба.
Дневен центар за стари лица (Даре Џамбаз, Чаир, Сарај)
Во рамките на Црвен крст на град Скопје од септември 2011 година се имплементира проект посветен на грижата на стари лица т.е. проектот: „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“.
Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.