Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години “Пролет”
Црвен крст на град Скопје во соработка со Општина Центар- Скопје, го отвори првиот Дневен Центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години на територија на Општина Центар.
Дневниот центар преку организирање на креативни едукации и работилници ќе има за цел социјализација и интеграција на лицата со интелектуална попреченост во општеството, заедно со волонтерите од клуб на млади на Црвен крст на град Скопје и волонтерите од ООЦК Центар.
Како дел од активности се предвидени едукативни, музички и ликовни работилници, посета на Зоолошка градина во Скопје, посета на музеи и институции, изработка на различни ракотворби од самите корисници, подготовка и изучување на рецепти кои самите корисници ќе ги подготвуваат во кујната во Дневниот центар, изучување на странски јазик, едукации за хигиена, здрави навики и забоздравствена заштита.
Работното време на Дневниот центар е од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот а кој е лоциран на улица Пролет бр. 39, до Веро Џамбо.
Координатор на одделот, Кристина Петрова skopje.centerck@redcross.org.mk