Пребарувај по датум:
2020-06-01

01 Јуни, Денот на згрижувачи

Запознајте ја….

Згрижувачката Џулијана имала позитивни примери во своето семејство преку роднини кои згрижувале деца и таа учела од нив, од најдобрите. Заедно со својот сопруг, одлучуваат да тргнат по тој хуман пат и веќе 6 години згрижуваат едно прекрасно, насмеано дете. Џулијана вели дека детето и носи среќа, радост и љубов. Таа раскажува дека децата и се веќе големи, тргнати по својот пат и таа одлучила љубовта да ја дели и со другите деца, оти само она што се дели, всушност се множи и се зголемува. Џулија вели: „Прекрасно е чувството да сте згрижувач и да му помогнете на дете кому му е потребна поддршка и љубов додека расте и се развива. Навистина нема ништо подобро и помоќно на овој свет“.

Денес е денот на згрижувачи, денес е денот кога ќе се чита за нив и нивните позитивни приказни кои ќе бидат споделени со граѓаните.  Згрижувачите се тука сите 365 дена за децата. Да им дадеме поддршка, да им дадеме моќ, да бидеме и ние нивен глас, нивните приказни да инспирираат и други со цел повеќе деца да бидат згрижени.

Црвен крст на реализира низа на активности во соработка со ЈУ Меѓуопштинки центар за социјална работа Скопје за поддршка и социјализација на децата сместени во згрижувачки семјства.

Фото и приказна А.Ристовски

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.