Пребарувај по датум:
2020-04-10

Соработка со компании

Нашите соработници и пријатели Жито-Пром од Гевгелија, 4U Croissants, ни донираа 4.700 кроасани. Донираните производи преку мобилните тимови на Црвен крст на град Скопје и Општинските организации на Црвен крст веќе се дистрибуираат до граѓаните кои ги користаат сервисните услуги на овој тим за време на кризната состојба. Граѓаните се позитивно изненадени и пријатно реагираат на овој гест од компанијата.
Дел од кроасаните се наменети и за бездомните лица кои го користат услугите во Пункот за бездомни лица во Момин поток, за децата на улица, како и за нашите волонтери во мобилните тимови кои ја вршаат дистрибуцијата на терен.

Благодарност до целиот тим на Жито-Пром од Гевгелија за придонесот во хуманитарните активности на Црвен крст. Поддршката која ја примаме директно ја намалува ранливоста на нашите граѓани.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.