Разбудете се хумани
Дормео и Црвен Крст на град Скопје реализираа заедничка кампања „ Разбудете се Хумани “– со цел подобрување на квалитетот на воздухот во институции и организации кои работат со ранливи целни групи преку обезбедување на прочистувачи на воздух.
Во периодот од 01.08.2019 до 15.10.2019, со купување на наддушек Рињу Натура, се одвојуваа по 300 денари од секој продаден наддушек, а средствата се наменија за обезбедување на прочистувачи за воздух ROVUS ASTREA AIR PURIFIER.
Од вкупната продажба се обезбедија финансиски средства за вкупно 20 пречистувачи на воздух кои ќе бидат донирани во: Дневен центар за стари лица, Пункт за бездомници Момин Поток, Центар „Нега“, Дневен центар за церебрална парализа, Центар за лица со даунов синдром, СУ „Димитар Влахов“, Дневен центар „Пролет“, Клиника за педијатрија- оддел хематологија, СУ „Иднина“, СУ „Наум Охридски“, Дневен центар за стари лица- Сарај, Дневен центар за крводарителство, СУ„Златан Сремац“, Центар за деца на улица Шуто Оризари, Центар за обука на персонални асистенти, Дневен центар „Порака“, Дневен центар за стари лица- Маџари.