“Дефилирај, не се фолирај!” – “Defilo, mos u shtir!”
Вчера во главниот град, 500 лица дефилираа, носеа пораки за мир, разбирање, почит, толеранција, вклучување и на тој начин ја одбележа неделата на Промоција на хумани вредности. Секоја година во рамките на програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) се одбележува неделата, од 21 до 27 септември. Оваа година се организираше ПХВ дефиле кое се реализираше на 25 септември со почеток во 11.00 часот. Мотото на дефилето беше “ Дефилирај, не се фолирај!” “ Defilo, mos u shtir!”.
Учесниците се движеа по бул. Илинден до „Школка“ во Градски парк каде имаше и програма за учесниците на која се обрати претеседател на Црвен крст на Северна Македонија и Националниот координатор на ПХВ програмата.
Рутата беше во должина од 2 км и за време на дефилето, учесниците ги придружуваше Градскиот орекестар. Со звуците на музиката се движеа волонтери, млади, лица во трето доба, лица со попреченост…заедно во името на хуманоста.
Пред дефилето беа организирани низа креативни работилници на кои се исработуваа пораки и транспаренти, со различни целни групи со кои работиме во текот на целата година.
Оваа активност на територија на градот Скопје беше спроведена во координација и сорабостка со сите Општински организации на територија на градот- Карпош, Гази Баба, Чаир, Центар и Кисела Вода.