Твоето незнаење чини живот” Светски ден на Првата помош
Екипите на Црвен крст на град Скопје и Општинските организации на територија на градот Скопје во соработка со МВР-СВР Скопје, на 13 септември, на 4 локации ги сопираа возачите и од нив бараа да демонстрираат прва помош. Граѓаните кои беа дел од овој настан добија информации за бесплатните курсеви во Црвениот крст преку кои можат да ги освежат своите знаеања во рамките на кампањата “Твеоето незнаење чини живот”.
Екипите на Црвен крст Кисела вода и Центар беа пред Бисер, Црвен крст Карпош пред City Mall а Црвен крст Гази баба и Чаир пред Универзитетот “Св. Кирил и Методи”.
Исто така, Мобилните тимови на Лојане во соработка со локалното население од с.Лојане организираа показна вежба преку која се демонстираше важноста од познавањето на Првата помош.