2019-07-16
Надградба на капацитети
Во организација на Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во Ораховица, Р. Хрватска се одржа деветдневна обука за идни членови на Регионалните тимови за одговор при катастрофи на која обука, учество земаа и две претставнички од мобилни тимови на Црвен крст.
По успешно завршената обука, членовите од ЦКСМ се стекнаа со сертификати и со тоа обезбедија рангирање во ростерот на ИФРЦ за учество во регионални мисии во случај на катастрофи од помал или среден обем.
Досега, вакви обуки од нашето национално друштво имаат поминато повеќе лица со цел јакнење на националните капацитети за одговор во услови на криза.