2019-07-09
Студентите од „IThink“ Академијата за деца подготвија веб страна за Копче
Студентите од „IThink“ Академијата за деца од областа на технологијата чија основна цел е нејзина афирмација меѓу младите преку логично и креативно решавање предизвици и проблеми со помош на технологија оваа година успешно ги завршија своите задачи. Дел од студентите изготвија веб страни и едната ја поклонија на социјалното претпријатие Копче.
Особено задоволство ни претставува тоа што студентите од академијата на сопствена иницијатива изразија желба да изработат веб страна за Копче. Изработката на веб страна за Копче е од исклучително значење за унапредување на нашата работа и навремено информирање на нашите донатори, купувачи и корисници за активностите кои тековно ги реализираме.